Доминик Тим ќе го пропушти Австралија опен

Од:

Шампионот на УС Опен од 2020 година, Доминик Тим, ќе го пропушти Грен слемот „Австралија Опен“.

dobivaj vesti na viber

– Како што сите знаете, се вратив дома во Австрија за да соберам сила од напорните тренинзи во Дубаи и малото нарушување во мојата подготовка. Сега повторно се чувствувам добро, зглобот ми е во оптимална состојба и вежбам нормално, со многу добар интензитет, напиша Тим на Твитер.

Тенисерот изјави дека сезоната ќе ја започне на турнирот во Аргентина на крајот на јануари.

Тим претходно го пропушти ревијалниот турнир во Абу Даби. Дваесет и осумгодишниот Австриец нема играно натпревари од јуни оваа сезона поради повредата.

Би можело да ве интересира

Маестрален камбек на уморниот Ѓоковиќ за финале во Торино

Ана Ололовска

Ѓоковиќ ќе настапи на Австралијан Опен, забраната е укината, ќе добие виза

Алкараз сигурен во Париз, Медведев се испокара со судијата и загуби

Украинката Костјук по поразот од Азаренка: Како тенисерка ја почитувам, како човек не

Чориќ го елиминира Надал од мастерсот во Синсинати

Карењо Буста го освои Монтреал