Тим го победи Ѓоковиќ, обезбеди финале на Завршниот турнир во Лондон

Од:

Австриецот Доминик Тим избори финале на Завршниот турнир во Лондон, совладувајќи го вечерва Србинот Новак Ѓоковиќ.

Во меч што траеше безмалку три часа, Тим го доби првиот сет со 7:5, во вториот беше 7:6 за Ѓоковиќ по тај-брејкот (12:10). И во решавачкиот трет сет се играше тај-брејк, овојпат Тим беше поуспешен со 7:6 (7:5).

Во финалето Тим ќе игра со победникот од мечот Данил Медведев – Рафаел Надал.

Наградниот фонд на АТП турнирот во британската престолнина изнесува 5,7 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Доминик Тим ќе го пропушти Австралија опен

А1он

Австриецот Доминик Тим се вакцинираше против коронавирус

А1он