Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Од:

Откако неколку членови и партиски функционери во СДСМ си поднесоа оставки, својата оставка ја даде и потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.

„ Почитувани граѓани, почитувани мои социјалдемократи. Изборните резултати ја искушуваат нашата искреност како политичари и искреноста на нашите зборови дека сме ја разбрале вашата порака. СДСМ секогаш бил достоинствен и заради зрелоста на неговите раководства да се соочат со поразот и со одговорноста. Јас не сакам да бидам исклучок. Благодарам за укажаната доверба да бидам заменик претседател на СДСМ. И таа должност ја извршував со почит, совесно, одговорно и чесно. Секако, со поддршка од сопартијците и незаменливата потпора од моите родители. Благодарам е најмалку што можам да им речам.

Горда сум што 8 мај беше празничен ден за демократијата. Тоа беше и суштината на борбата на СДСМ за ослободување од „заробената“ држава. Воедно, им благодарам на сите граѓани за секој глас за СДСМ, особено во третата изборна единица. Вредна за внимание е и пораката од оние кои не излегоа на гласање, како и на оние кои гласаа против. На ред е нашата внатрепартиска средба со вистината.

На отчетниот Конгрес на СДСМ неминовна e отворена, искрена и самокритична анализа на нашите погрешни чекори, на лошите кадровски решенија како и за нашата немост за успешните политики кои ги спроведовме во исклучително тешки услови предизвикани од светските кризи.

Го презедовме товарот и на тешките политички одлуки. Но, тоа е СДСМ на кого државата, нејзината стабилност и иднина секогаш му биле пред сė и над сė. Така било. Така мора и да остане. На Македонија и е потребен СДСМ. Што побргу заедно ја консолидираме партијата толку побргу ќе можеме да кажеме – тука сме.

Јас верувам во СДСМ, а уште повеќе во неговата сила да се реформира, да се обедини и да се подготви. Честитки на победникот и на сите 120 пратеници.Во искреното соочување со причините за изборниот пораз е нашата прва победа. Тоа е најмалку што им го должиме на сопартијците, на симпатизерите и поддржувачите на СДСМ, но и на демократска Македонија “ пишува Лукаревска на Фејсбук.

Први оставка дадоа потпретседателите на партијата Фатмир Битиќи и Перо Костадинов, следна беше Јованка Тренчевска која замина од чело на Форумот на жени на СДСМ. О

д функцијата потпетседател на партијата се повлече и Перо Костадинов, градоначалникот на Валандово. Костадинов на фејсбук напиша: Потребни ни се внатрешни и надворешни партнерства, силни институции и интеграција на земјата во ЕУ.

Поради оставката на Морачанин, коалициониот партнер на СДСМ, ДОМ ќе бара нов лидер. Во образложението на ко-носителот на листата во двојката Фатмир Битиќи сепак има еден услов – неговата оставка ќе важи, само ако се повлече целото раководтсво на партијата.

По изборниот пораз, лидерот Димитар Ковачевски повика на нови внатрешни избори на сите партиски тела, почнувајќи од раководството, до претседателите на општинските организации.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје