Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и ја честита победата за престседател на државава на Гордана Сиљановска Давкова.

-Честитки за Гордана Сиљановска Давкова за нејзината убедлива победа. И посакувам успешен и плоден мандат. Го цениме нашето силно партнерство и ја цениме поддршката на Скопје за Украина во борбата против руската агресија. Со задоволство очекувам да ја зајакнеме нашата билатерална соработка со цел да ги вратиме мирот и стабилноста во нашата обединета Европа, напиша Зеленски синоќа на мрежата Х.

Професорката Гордана Сиљановска Давкова се заблагодари на честитката на украински, македонски и на англиски јазик.

-Почитуван претседателе Зеленски, денеска кога го славиме Денот на Европа исто така се потсетуваме дека судбината на украинската нација е под закана. Ние ја поддржуваме Украина и ја нудиме солидарноста на сите македонски граѓански за постигнување на праведен мир и вистинска долгорочна безбедност. Ниту една европска нација, која ги споделува и брани заедничките европски вредности, не смее да биде изоставена од европското единство. Очекувам дополнително да ја зајакнеме билатералната соработка и се надевам на брз прием на нашите две земји во ЕУ, наведе Сиљановска Давкова.

Би можело да ве интересира

Вајдел бара Зеленски во Берлин да одговори на наводите за незаконско приведување и малтретирање луѓе

Зеленски со директна порака до Трамп: „Притиснете го Путин, а не мене“

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

Меркурис: Зеленски сака замрзнување на конфликтот, а не преговори

Ушаков: Путин му ја гарантира безбедноста на Зеленски доколку дојде во Москва

„Дејли експрес“: Медведев му порача на Трамп да нареди ликвидација на Зеленски