Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

Од:

Седницата за инаугурацијата на првата жена претседател на државата Гордана Сиљановска-Давкова Собранието ќе ја закаже на 12 мај в недела, денот кога завршува мандатот на актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски.

„Претседателот Митрески ќе ја закаже Инаугуративната седница откако ќе го добие Извештајот од ДИК, рокот е до петок до 19 часот. Откако ќе го добие Извештајот ќе ја закаже Инаугуративната седница, која ќе се одржи на 12.05 (недела) во 12 часот“.

Таа пред пратениците од сè уште актуелниот состав треба да има обраќање и да даде свечена изјава по која и започнува да тече нејзиниот петгодишен мандат.

Врз основа на Уставот претседателот на Републиката е врховен командант на вооружените сили. Претседателот своите права и должности ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите, а се бира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години.

Должноста претседател на Републиката е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија. Претседателот на Републиката ужива имунитет. За одземање на имунитетот на претседателот на одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.

Претседателот на Република Македонија го определува мандатот за состав на Владата на Република Македонија; ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и пратениците на Република Македонија во странство; ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници; предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Македонија; предлага двајца членови на Републичкиот судски совет; именува тројца членови на Советот за безбедност на Република Македонија; ги предлага членовите на Советот за меѓунационални односи; именува и разрешува и други носители на државни и јавниименува и разрешува и други носители на државни и јавни функции утврдени со Уставот и со закон; доделува одликувања и признанија во согласност со закон; дава помилување во согласност со закон и врши други функции утврдени со Уставот.

Претседателот на Републиката е претседател на Советот за безбедност, а него го сочинуваат: претседателот, претседателот на Собранието, претседателот на Владата, министрите кои раководат со органите на државната управа во областите на безбедноста, одбраната и надворешните работи и тројца членови кои ги именува претседателот на Републиката.

Претседателот на Републиката е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности. Постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката покренува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. За одговорноста на претседателот одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.

Би можело да ве интересира

Партијата на Мерц ќе ја поддржи поранешната министерка Илзе Ајгнер за претседател на Германија

А1он

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година

А1он

Сиљановска-Давкова: Дијалогот со ЕУ мора да биде суштински – македонската држава очекува еднаков третман со другите земји кандидатки

А1он

Сиљановска-Давкова ѝ честита на Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците

Сиљановска-Давкова во Будимпешта на средба со унгарскиот претседател Бака

А1он

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот

Горан Наумовски