Иако астронаутите навистина не можеле да го почувствуваат тоа, поради заштитната опрема, по враќањето во вселенската станица сепак им мирисало на остатоците од вселената кои останале на надворешната страна од оделата и ракавиците. Тие велат дека имале можност да се најдат себеси во вселенскиот простор со неговиот неверојатнен и уникатен мирис што не може да се заборави.
Честичките, според нивните зборови, имаат мирис на испечен стек и гасовите што се ослободуваат при заварувањето на метали.
Стивен Пирш, хемичар ангажиран од НАСА да го долови мирисот на вселената, вели дека „металниот“ мирис се должи на високо-енергетските вибрации на атомите.
„Такво нешто никогаш не сум помирисал, но знам дека никогаш нема да го заборавм тој мирис до крајот на животот“, изјави астронаутот Кевин Форд во орбитата 2009 година.
Истиот тој по својата мисија во 2003 година го опиша тоа што неговите сетила го примиле за официјалниот блог на НАСА.
„Многу е тешко да се опише мирисот, јас дефинитивно не можам да кажам како за некоја нова храна која штотуку сум ја пробал на земјата, на пример пилешкото месо. Најдобриот опис што ми текнува е метализиран, многу пријатен мирис како некоја слатка сензација. Таков мириса вселената“.