Претседателот на координацијата на здуженија од Домовинската војна на Вуковар, Здравко Комшиќ со спреј денес ја испрска двојазичната табла на зградата на Фондот за осигурување, при што полицијата веднаш го приведе во станица.
Како што соопштија медиумите, полиција се уште официјално не го соопшти идентитетот на приведениот, туку само ги наведе годините.
Раководителот за правните работи на Штабот за одбрана на хрватскиот Вуковар, Владимир Иљкиќ изрази жалење поради делото на Комшиќ, бидејќи како што рече Штабот повикал на смиреност и воздржаност од сите граѓани.
Протестите против поставувањето на двојазичните табли во Вуковар започнаа во септември, а веќе првиот ден неколку табли беа насилно симнати, за да подоцна бидат вратени.
Елена Георгиевска