Бајден ја прекина испораката на оружје за Израел

Од:

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека одлуката на американскиот претседател Џозеф Бајден да го прекине снабдувањето со муниција за Израел е донесена поради израелските планови да изврши офанзива врз градот Рафа на југот на Појасот Газа, без претходно спроведување на мерки за заштита на цивилите.

„Од почетокот бевме многу јасни дека Израел не треба да започне голема офанзива во Рафах без да ја земе предвид заштитата на цивилите во областа во Сенатот и потврди дека се уште не е донесена конечна одлука „што ќе се случи со таа пратка“, наведува Ројтерс.

Американската администрација ја запре испораката на околу 3.500 бомби за Израел минатата недела поради загриженоста за најавената копнена офанзива на Рафах, објави претходно денеска Асошиејтед прес, цитирајќи неименуван претставник на администрацијата. Овој функционер појасни дека не е донесена конечна одлука за испораката на бомбите и дека во суспендираната пратка имало 1.800 бомби од по 900 килограми и 1.700 бомби со тежина од 226 килограми.

Израелскиот воен кабинет во понеделникот одлучи да ја спроведе планираната операција во Рафах со цел „да изврши воен притисок врз Хамас“ и покрај претходното соопштение.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бајден го одржа првиот говор откако ја напушти Белата куќа, веднаш го нападна Трамп

Горан Наумовски

Трамп им го забрани пристапот до доверливи информации на Бајден, Харис и Хилари Клинтон

Трамп: Расипаниот Бајден не доведе во вистински хаос со Русија

(ВИДЕО) Зеленски земаше пари од Бајден како бонбони од дете, вели Трамп

Трамп ја укина наредбата на Бајден за извештаите за употреба на американско оружје

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден