(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Од:

Италијанската полиција откри и заплени 2.700 килограми кокаин скриен во керамички банани. Дрогата е пронајдена во пристаништето Џоја Тауро, во регионот на Калабрија. Според локалните медиуми, станува збор за историска заплена на дрога. Дрогата наводно пристигнала од Јужна Америка.

https://www.youtube.com/shorts/W9bBC–e40U

– Имагинацијата на шверцерите на дрога нема граници, а тоа се виде во заплената на кокаин регистриран во последните неколку часа во пристаништето Џоја Тауро – најважниот пункт за прием на легална и нелегална стока во Италија, а во кој доминира „Ндрангета“, меѓу другите меѓународни мафијашки организации за шверц на дрога – известуваат италијанските медиуми.

Акцијата ја извршил италијанската финансиска стража и полицијата, задолжени за безбедносни прашања во споменатото пристаниште, чии агенти со чекани и друг алат кршеле лажни банани, најверојатно од керамички материјал, во кои биле сокриени пакувања со кокаин. Проценетата вредност на запленетото на италијанскиот нелегален пазар е 800 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер од Тетово

Во Порторико запленети 1.670 килограми кокаин вреден 33 милиони долари

Горан Наумовски

Семејна трагедија во Милано, убиени тројца членови на едно семејство

Притворени двајца дилери, полиција ги уапсила како препакуваат дрога

Пронајдени дрога и пиштол во тетовско, уапсено се четири лица