ВИДЕО: Артан Груби не гласаше на претседателските избори

Од:

Вицепремиерот Артан Груби не гласаше на претседателските избори. Тој беше вклучен во живо на неговиот Фејсбук профил во моментите на гласањето и во видеото јасно се гледа дека Груби на членовите на комисијата им вели дека ќе гласа на парламентарите избори, а потоа на снимката се гледа и дека става ливче само во кутијата за паралментари избори.

Според податоците на ДИК за излезноста до 11 часот се гледа дека во деловите од земјава со доминантно албанско населние има евидентно помал одзив на избирите за претседател. Во пресекот до 11 часот според податоците од ДИК, разликата беше повеќе од 21 илјада гласови на ниво на целата држава, но на избирачките места до доминантно албанско население, разликата е многу поголема.

Видеото е објавено на Фејсбук профилот на Артан Груби.

Би можело да ве интересира

Првиот сведок на Обвинителството сведочеше контра обвинението во случајот „Државна лотарија“

Во Кривичен суд продолжува судењето за „Државна лотарија“

Миланов: „Казино Аустрија“ нема ексклузивитет за автоматите, набавката на апаратите е целосно законска

Продолжува судењето за „Државна лотарија“

Судење за „Државна лотарија“: Обвинителството презентира докази за злоупотреби – за одбраната тие се нејасни и контрадикторни

Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за случајот „Државна Лотарија“