Ние пративме пораки и опомени и на претседателските кандидати кои останаа во вториот круг дека не смеат да чепкаат во националниот интерес, а тоа е промена на уставот и понатамошно обезличување на македонскиот национален идентитет, не смеат да чепкаат во македонскиот јазик, порача вечерва од Ѓорче Петров, претседателот на ИНТЕГРА македонска конзервативна партија и носител на листата во ИЕ2 на Коалицијата Храбро за Македонија“.
„Годишниот преглед за 2023 година којшто Османи и бугарските екстремизми во Софија го имаат подготвено и за шест месеци ќе го објават, го брише предилинденскиот период, го брише Гоце Делчев како македонски револуционер, го брише вековниот континуитет на македонската борба за национална слобода и држава и не дефинира како држава од 1945 година, како јазик од 1945 којшто е вештачки создаден од Тито или од Сталин. Да знаете дека ова ќе излезе за шест месеци“, рече Ристовски.
„На 8 мај секој да стави прст на чело и да внимава кој број ќе го заокружи, ние викаме дека нема уставни измени под ниту еден услов додека не се забетонира македонскиот национален интерес. Туку сме јасни, и најгласно и нај храбро зборуваме за тоа, знаеме дека ќе има притисок од Брисел од Вашингтон, од Софија, од Атина, од дома. Затоа подготвивме изборна инвестициска иницијатива со која предлагаме економски препород на Македонија, да ги исцрпиме сите внатрешни ресурси, Македонија може да биде модерна држава на богати и просперитетни индивидуи“, порача Ристовски.