Неповторливиот Лука Модриќ – собори уште еден рекорд

Од:

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ е најстариот играч кој настапувал за Реал Мадрид во Ла Лига.

На денот на мечот со Кадиз тој имаше 38 години и 238 дена, со што ја надмина клупската икона Ференц Пушкаш, кој беше претходниот рекордер.

Легендарниот Унгарец имаше 38 години и 233 дена кога одигра натпревар за „Кралскиот клуб“.

Ова е втор пат за неколку дена Модриќ да го собори рекордот на Пушкаш, бидејќи го надмина и како најстар играч кој одиграл европски натпревар за Реал.

Модриќ беше стартер на натпреварот во кој Реал направи уште еден чекор кон титулата со победа од 3:0, доколку Барселона не ја совлада Џирона.

Во првото полувреме хрватскиот ас доби громогласни овации од преполниот „Сантијаго Бернабеу“. Навивачите на Реал го скандираа неговото име, а тој им се заблагодари со аплауз.

Модриќ придонесе за триумфот на мадриѓаните со асистенција за првиот гол кој го постигна Браим Дијаз.

Неповторливиот хрватски фудбалер можеби ќе ја одигра и првата сезона во Реал, со кој во неколку наврати освои се што можеше да се освои.

Би можело да ве интересира

Белингем го повреди мускулот на десната нога

Горан Наумовски

Мајорка го запре Реал Мадрид на стартот од новата сезона во Ла Лига

Гледањето на Реал Мадрид на стадион станува луксуз

Предраг Петровиќ

Еден час прекин поради гром на дуелот Барселона – Реал (2:1)

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ ќе игра уште една сезона во Реал Мадрид

ВИДЕО: Спектакуларна промоција на Мбапе пред 80 илјади навивачи на Реал Мадрид