Носителката на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во ИЕ 1, Добрила Андоновска, денеска на средба со гражани на пазаречето Тафталиџе.
– Денес денот го поминавме низ пазарчето во Тафталиџе, во однос на нашата програма ние предлагаме развој на земјоделието на целата површина на Република Македонија. Понатаму, предлагаме да се финансира, да се стимулира, да се субвенционира окрупнувањето на земјоделските посеви. Предлагаме да се зголеми драстично фондот на крупна и ситна стока, како и на живина, понатаму да се прочешла кој се зема субвенции во државата, а субвенциите не се доделуваат на вистинските земјоделци.
Покрај развој на земјоделието предлагаме и развој на конзервната и преработувачката индустрија затоа што Македонија е доволно голема, доволно силна, доволно поседува потенцијал, има доволно вода и Сонце за да произведува сама храна. Не само што ќе произведува храна за нашите граѓани, туку ќе произведува и за извоз на храна. Потребно е инеопходно веднаш да се отворат нови пазари кајшто можат да се извезуваат нашите производи и тоа ќе биде наша цел во Парламентот. – истакна Андоновска.