ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

Од:

Квази социјалдемократот Венко Филипче е еден од најодговорните за актуелната состојба во која се наоѓа СДСМ, реагираат од партијата ЗНАМ.

„Би сакале да ја потсетиме јавноста, додека некогашната државотворна СДСМ се бореше против режимот на Груевски, наметнатиот носител на листа од СДСМ во ИЕ 4 беше прв советник на министерот за смрт Никола Тодоров и беше дел од најкриминалната Влада на Груевски.

По доаѓањето на власт на СДСМ, беше исфорсиран од семејството Заеви да биде министер. Сега е јасно зошто. Всушност тој е бизнис партнер на Зоран Заев.

Тешко на тоа раководство, кое Филипче го брани од партијата каде што се втемелени вистинските илинденски и АСНОМ-ски вредности и принципи, а тоа е Движењето ЗНАМ-За наша Македонија“, соопштија од ЗНАМ.

Би можело да ве интересира

Левица: Клеветите на Филипче и Мицкоски не ја менуваат нашата позиција ниту го бришат нивното минато и денешната реалност во Македонија

Претседател на фиктивни картички за гласање испазарен со ВМРО-ДПМНЕ, Платформата му одговори на Филипче

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Филипче од Свети Николе: Криминалната власт ги остави граѓаните без помош, а земјоделците ги извиси