Масакр во Мексико, десет убиени

Од:

Една жена, нејзината седумгодишна ќерка, тројца тинејџери и петмина мажи, се убиени, на север на Мексико, во близина на Сиудад де Хуарес, откако вооружен напаѓач влегол во куќата во која што ја прославувале победата на бејзбол екипата на Кардиналис.

Властите потврдија дека трагедијата се случила во Лома Бланка, во долината Хуарез и дека во куќата и околу неа се пронајдени десет безживотни тела.

-Неколку тела се пронајдени на десетина метри од куќата, што укажува на тоа дека жртвите се обиделе да побегнат и да се спасат. Се претпоставува дека во нападот е користено автоматско оружје. Мотивот за убиството се уште не е познат, велат официјални лица од полицијата.

Крвопролевањето успеале да го преживеат дваесетина лица, меѓу кои и менаџерот на Кардиналис.

-Видов само еден напаѓач. Можно е да се работи за освета поради победата на нашиот тим, бидејќи овде се организираат кладби на ниво на локални игри, рече тој.

Ова е инаку една од најголемите трагедии во овој дел на Мексико, по убиството од 2010 година, кога во работничкото предградие Сиудад де Хуарес на роденденска забава беа убиени 15 лица.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори