За новата Влада гласаа 152 од 213 присутни пратеници, 61 беа против. Воздржани немаше, а отсутни беа 37 пратеници. Новата Влада на Србија ќе брои 31 член, од кои пет се министри без ресор.
Новата влада има една третина нови имиња во однос на претходната Влада на Србија предводена од Ана Брнабиќ.
Синиша Мали, прв вицепремиер и министер за финансии, Ивица Дачиќ, вицепремиер и министер за внатрешни работи, Ирена Вујовиќ, вицепремиер и министер за заштита на животната средина, Александар Вулин, вицепремиер, Андријана Месаревиќ, министер за економија, Томислав Момировиќ, министер за внатрешна и комбинирана трговија, Александар Мартиновиќ, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јелена Жариќ Ковачевиќ, министер за државна администрација.
Горан Весиќ остана министер за градежништво и инфраструктура, Дубравка Ѓедовиќ министер за рударство и енергетика, Маја Поповиќ министер за правда. Томислав Жигманов е министер за човекови права, Братислав Гасиќ за одбрана, Тања Мишчевиќ за евроинтеграции, Марко Ѓуриќ за надворешни работи, Златибор Лончар е министер за здравство, Немања Старовиќ министер за труд. и вработување, Зоран Гајиќ е министер за спорт, Милан Кркобабиќ е министер за рурални прашања, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски министер за семејна грижа и демографија, Никола Селаковиќ министер за култура, Јелена Беговиќ министер за наука, Хусеин Мемиќ министер за туризам и млади, Дејан Ристиќ, министер за информации, Дарко Глишиќ, министер за јавни инвестиции, Новица Тончев, Ѓорѓе Милиќечиќ, Ненад Поповиќ и Усаме Зукорлиќ и Татјана Мацура се министри без ресор.