Самсунг го победи Епл во продажбата на смартфони

Од:

Јужнокорејскиот производител на електронска опрема „Самсунг“ е далеку понапред на пазарот на „паметни“ мобилни телефони од американската информативна компанија „Епл“.

Благодарение на огромната побарувачка за уредот „галакси С III”, лансиран во мај, „Самсунг“ ја зголеми предноста во второто тримесечје на 2012 гофина со 50 милиони продадени телефони, додека во истиот период биле продадени 30,5 милиони парчиња од телефонот на „Епл“ – „ајфон“, покажаа анализите на агенциите.

„Самсунг“ и „Епл“ повеќе квартали водеа жестока битка за местото главен продавач на „смартфони“, но лансирањето на новиот модел „галакси“, на 4 мај, на јужнокорејскиот производител му овозможи поголема предност.

На светскикот пазар на мобилни телефони, вклучувајќи ги и сите комбинирани апарати, „Самсунг“ го прекина 14-годишното владеење на финската компанија „Нокиа“.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска