(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Од:

Тринаесет лица во Србија се приведени поради меѓународна измама преку „кол-центри“ во кои се оштетени неколку германски државјани за сума од околу еден милион евра, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Србија.

Извршени претреси и апсења на дури 11 локации низ Србија.

Како што се наведува во соопштението на МВР, на барање на Германија, припадници на полицијата и на Службата за борба против високотехнолошки криминал при Техничката управа учествувале во меѓународна полициска акција, а се однесува на измама извршена од меѓународно организирана криминална група.

При претрес на станови и други простории на 11 локации, од кои две се на територијата на Ниш и 9 на територијата на Нови Пазар, пронајдени се тринаесет лица. На терен излегла и Управата за полициска технологија, со цел да изврши увид во компјутерите кои биле користени за измама.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Indeks Online (@indeksonline_rs)


Уапсените заедно со кривична пријава за кривични дела здружение за извршување на  кривично дело и измама, се изведени пред обвинителот на Специјалната јавност на обвинителството за високотехнолошки криминал. На едно лице му е одредена мерка притвор до 48 часа.

Би можело да ве интересира

Измамник од Тетово зел автомобил од познаник и го продал

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски