Британецот кој го принуди екипажот на летот на Јунајтед ерлајнс да го пренасочи слетувањето на друга локација поради неговото кавгаџиско однесување мора да плати повеќе од 20.000 долари на авиокомпанијата, соопштија американските обвинители.
Обвинителите изјавија дека на летот од Лондон на 1 март, Британецот Александар Мајкл Доминик Мекдоналд (30) почнал да се расправа со сопатник, а потоа и со стјуардесите, по што му биле врзани лисици и летот бил пренасочен од првобитната дестинација во Њуарк oд американската држава Њу Џерси до Бангор во американската држава Мејн, објави телевизијата ABC.
Окружниот суд на округот Бангор го осуди Мекдоналд на затвор откако беше во притвор по инцидентот на 1 март и му нареди да плати 20.638 долари на Јунајтед Ерлајнс како компензација за пренасочувањето на летот.
Мекдоналд и сопатникот беа уапсени во Мејн и биле во алкохолизирана состојба, соопшти авиокомпанијата.