На „Криволак“ ден на високи гости за воената вежба „Предизвик 2013“

Од:

На Армискиот полигон (АП) „Криволак“ денеска ќе се одржи ден за високи гости во рамки на билатералната воена вежба „Предизвик 2013“ на која од 21-ви септември учествуваат припадници на АРМ и Вооружените сили (ВС) на Република Словенија.

Како што е најавено, на денот за високи гости ќе присуствуваат министерот за одбрана Талат Џафери, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, амбасадорот на Република Словенија Бранко Раковец, командантот на Здружената оперативна команда на АРМ генерал-мајор Методија Величковски, високи претставници од ВС на Република Словенија, воените аташеи акредитирани во Република Македонија и други гости.

На „Криволак“ денеска својата врвна обученост ќе ја прикажат припадниците на баталјонот за противвоздушна одбрана (ПВО) на АРМ заедно со припадниците на единицата за ПВО од составот на ВС на Република Словенија, кои ќе изведат тактичка вежба со боево гаѓање на цели во воздушниот простор, со лесен преносен ракетен систем „Игла“.

Вежбата „Предизвик 2013“ е шеста по ред од ваков вид која на „Криволак“ заедно ја изведуваат припадниците на АРМ и ВС на Република Словенија, а совладувањето на заедничката обука, ќе придонесе за зголемување на борбената готовност, оперативната способност, како и интероперативноста на баталјонот за ПВО кој е во составот на воздухопловната бригада на АРМ.

Заокружувањето на овој проект, стои во соопштението од МО, претставува уште еден силен импулс кон јакнењето на билатералната воена соработка на АРМ со ВС на Република Словенија.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација