ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права

Од:

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита Меѓународниот Ден на правата, 1-ви Мај.

„Во услови на влошена економско-социјална положба на работниците, единствен гарант се само силни синдикати. Независни цврсти, добро организирани и меѓусебно координирани синдикати можат да ги штитат и унапредуваат правата на работниците. Слабо платените работници и други работоспособни граѓани ја напуштаат Македонија. Ваквата состојба е резултат на вкупните лоши политики и негрижата на власта и работодавците кон тие што работат и создаваат нови вредности“, велат од ДС.

Демократскиот сојуз вели дека е прва партија која во МакедонскиотПарламент предложи минимална плата, како што предлагаме и дефинирање на минимална пензија.

„Повеќе од јасно е дека е неопходен системски пристап и вреднување на трудот на секој вработен, но без реформи и борба против високата корупција состојбите нема да се променат“, стои во соопштението на ДС.

Би можело да ве интересира

Демократски сојуз: Потезите на ДУИ се закана за стабилноста на државата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Улични војни“ во светските градови: Протестите ескалираа, полицијата употреби сила

„За плата се бориме, не се молиме“, работниците на првомајки протест

“Сакам да работам“ со честитка за 1 мај бара реално согледување на фактите за игрите на среќа

Првомајски протест на Синдикатите, посебен режим во Скопје

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат