Филипче: СДСМ нема да трпи уцени, ќе пропаднат обидите да се подели партијата

Од:

Носителот на изборната листа четири на СДСМ и Коалицијата, Венко Филипче, денес беше во посета на Валандово каде оствари средби со граѓани. Филипче ги промовираше мерките за земјоделците и се осврна на актуелната политичка состојба и пораките од партиите.

-СДСМ нема да трпи уцени. Оние кои му мислат добро на СДСМ секогаш остануваат и се борат од внатре да ги менуваат работите на подобро. Вистинските социјалдемократи не бегаат и не се обидуваат да ја поделат СДСМ. Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ. Паднаа маските, се открија скриените коалиции кои имале за цел ослабување на СДСМ. Но, за нивна несреќа тоа нема да се случи. Ја верувам дека има доволно време до 8 мај, оние кои сега ја видоа скриената агенда на ЗНАМ, да ја преиспитаат одлуката и да ја поддржат СДСМ на изборите, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат