Четири лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во сообраќајна несреќа во близина на Торонто за време на полициска потера по осомничениот ограбувач на банка, кој бегаше со автомобил во погрешна насока на автопатот 401, изјави денеска портпаролката на полицијата во Онтарио.
Another Footage Of Crash On📍Hwy401 Near Hwy412 In Whitby,ON
.
Via: ( @durham.meets2 )#Hwy401 #Whitby #durham #ONHwys #Onpoli #accident #traffic #policechase #breakingnews pic.twitter.com/rtEMh8jehT— 401_da_sarpanch (@401_da_sarpanch) April 30, 2024
Судирот се случил во близина на излезот за автопатот 412 во Витбеј, на околу 50 километри источно од Торонто.
На видеото споделено на платформата X се гледа како возило со голема брзина се движи во погрешна насока на автопатот и потоа суудира со друго возило.
Покраинската полиција на Онтарио го затвори автопатот во двата правци.