Димитриевски ги соопшти условите на Движењето ЗНАМ За наша Македонија за формирање на идна влада

Од:

Изминатите денови слушам различни пораки од двата табора. Едните велат дека ЗНАМ бил создаден по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ за да го ослаби СДСМ, дека гласот даден за ЗНАМ е глас даден за ВМРО и слично. Другиот табор вели дека наводно коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ е веќе договорена работа и дека очекуваат став од ЗНАМ во врска со вториот круг на претседателските избори. Уверен сум дека и двете пораки имаат за цел да го намалат изборниот резултат на ЗНАМ на парламентарните избори, изјави Максим Димитриевски, претседател на Движењето ЗНАМ За наша Македонија.

Притоа тој истакна:

Кажано со спортски речник, никогаш не пласирам удари под појас, ниту правам нешто тајно. Не прифаќам да разговарам зад завесите и преку емисари, кои во овој период зачестено не контактираат индиректно или директно. Затоа, денес, онака како ме познавате, отворено и јавно, јасно и гласно ќе ги изнесам своите ставови, моите лични ставови и ставовите на партијата Движење ЗНАМ – За наша Македонија.

Официјалниот став на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е следниот: Врвен државен приоритет на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е на овие избори да се избере Претседател на Македонија, затоа влеговме во оваа борба и учествувавме на претседателските избори, како и да се оневозможи институционалната блокада и политичка криза.

Ги повикувам јавно сите граѓани, масовно, во што поголем број, на осми, да излезат на гласање, да гласаат и за претседателските кандидати, но и за парламентарните состави и тоа да го сторат по лично и сопствено убедување. Почнувам со порака до чесните членови и симпатизери на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Срцето ме боли кога ве гледам вака исплашени од раководството на мојата поранешна политичка партија како ве држи во заложништво и како сте гневни на сите нив, а молчите.Да ви кажам искрено, гневен сум и јас! Сметам дека е етички исправно, да направам обид заедно да ги спасиме асномските Крушевските леви вредности и принципи. Затоа денеска на раководството на СДСМ му се обраќам директно и му ги соопштувам кумулативните услови на ЗНАМ за разговор за евентуална можна соработка.

Прво, во наредните 24 часа раководството на СДСМ да поднесе комплет неотповикливи оставки од сите можни функции во партијата. Второ, носителите и ко-носителите на кандидатските листи на нотар да изјават дека нема да прифатат пратенички мандати, и истите ќе ги преземат сите кандидати коишто следуваат на листите по нив. Трето, да се обврзат дека ниту тајно, ниту јавно нема да продолжат да заговараат соработка со сегашното ДУИ, за навистина, а не само формално, туку и
суштински со пример, да покажат дека ја примиле вистински пораката на граѓаните и постапиле веднаш по истата. Сакам да бидам јасен, овие услови не се за понижување, туку за одговорност на ова раководство на СДСМ, кое овие потези требаше да ги повлече многу одамна.

Нашите работни групи се подготвени за разговори за евентуална соработка со некое преодно, техничко ново раководство на СДСМ, кое ќе изрази политичка волја за ревидирање на досегашните нивни политики за најважните национални прашања, но и целосна одговорност на сите поединци без исклучок по законот и без можност за каква било амнестија. Доколку ова не се случи, никој од раководството на СДСМ нема никакво право да му се обраќа на ЗНАМ, бидејќи ќе потврдат дека нивната цел е само да се докопаат до пратеничките мандати и имунитетот којшто го нудат мандатите и дека никогаш не воделе сметка, ниту за интересите на Македонија и граѓаните, ниту за чесните членови и симпатизери и поддржувачи на партијата. Ние од ЗНАМ нема да се вртиме назад, туку ќе гледаме во иднината на Македонија, што е и нашиот основен приоритет.

Во оваа прилика сакам да упатам порака и до раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Со вашите програмски определби дека не прифаќате уставни измени под бугарски диктат и не прифаќате соработка со ДУИ по ниту една цена, се согласуваме. Тоа се наши ставови, први излеговме со тој став и ќе стоиме на тоа. Поради досегашната кампања на ВМРО-ДПМНЕ во јавноста се наметнува една дилема која на ЗНАМ многу му е важно да биде расчистена во целост пред воопшто нашите работни групи, доколку седнат да разговараат, да разговораат за можна идна соработка.

Барам да потврдите дека не е точно дека дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ заговара јавна или тајна соработка со поранешниот премиер Зоран Заев, преку неговите фикс кандидати за пратеници, како што е Венко Филипче и други, за обезбедување на 2/3 мнозинство во идниот собраниски состав, што доколку навистина постои, имплицира дека селективната правда ќе ја имаме и во идната Влада, како што беше и до сега. Во спротивно доколку немате таков став, најдобро е самите да си
продолжите и јавно да соработувате, а ние ќе продолжиме заедно со народот. Ова се условите на ЗНАМ за почеток на разговори за евентуална соработка
со едните или другите. Ние сме транспарентни и ќе бидеме транспарентни во целост. Никогаш нема да сториме нешто со што ќе ја изневериме довербата на граѓаните и интересите на Македонија, рече Димитриевски.

Запрашан дали ќе побараат од граѓаните да гласаат за позицијата или опозицијата, Димитриевски одговори:

„Јас реков уште во текот на кампањата како претседателски кандидат, дека гласачите кандидатите, ниту партиите не ги носат во џеб. Тоа е законско и уставно право на секој гласач, да се произнесе легитмно на демократски тајни избори за кого ќе гласа. По однос на гласањето, веќе реков дека секој гласач во Македонија може да гласа според мене, по сопствено убедување, така како што е запишано во Уставот и во законот“.

На прашањето доколку би можел кој партнер од двата блока во македонскиот кампус би го преферирал, имајќи предвид дека ВМРО-ДПМНЕ е поизвесно дека ќе ја формира владата, дали би се определил за власт или за опозиција, претседателот на ЗНАМ, Димитриевски рече:

„Ние од ЗНАМ нашиот избор за коалиција веќе го направивме. Тоа се граѓаните на Македонија, тоа го кажавме пред избори, тоа го потврдуваме и денеска. Нам од ЗНАМ не ни се битни личните или партиските интереси, туку првенствено граѓанските интереси и да бидам уште подиректен на вашето прашање, сакам да потврдам дека во јули 2022 година, јас лично го кажав својот став за актуелниот претседател Пендаровски и јавно се извинив на јавноста и дека имав направено грешка со мојата поддршка тогаш за него“.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: Етничкиот предзнак не треба да биде привилегија за вработување

Димитриевски: Шпекулации се наводите дека е набавениот семафор за спортската сала кој чини над десет милиони евра

Левица: Максим Димитриевски троши 10 милиони денари народни пари за семафор во сала

Димитриевски: Мора да оставиме место за солидарност, заедништво, меѓусебно разбирање и општо добро на секој од нас

Горан Наумовски

ЗНАМ: СДСМ се навикнати секој да им прави што сака, само да си ги остваруваат бизнис интересите

Предраг Петровиќ

Димитриевски: Мислам дека е погрешно ВРЕДИ да го имитираат ДУИ