Продолжен притворот на осомничените за убиството на Данка – телото на девојчето се уште не е најдено

Од:

Вишиот суд во Зајечар им го продолжи притворот на Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, осомничени за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, за уште 30 дена. Според таа одлука нивниот притвор може да трае до 29 мај.

Осомничените се во притвор од 6 април поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и уништување или отстранување траги од извршување на кривично дело.

Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ под сомнение дека му помогнал на синот да го премести телото на убиената Данка Илиќ.

По 10-дневна потрага и детална проверка на сите индиции и информации, полицијата ги уапси Јанковиќ и Драгијевиќ од Бор, кои се осомничени дека ја удриле малата Данка со автомобил, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот и го однеле во депонија.

Телото на девојчето кое исчезна на 26 март во Бањско Поле кај Бор се уште не е пронајдено.

Би можело да ве интересира

Апелациониот суд во Ниш по втор пат го отфрли обвинението против наводните убијци на Данка Илиќ

Горан Наумовски

Обвинителство бара притвор за седум полициски службеници од Штип и Кочани осомничени за тешки дела против општата сигурност

А1он

Притвор за Ратко Капушевски и Асмир Јахоски

Притвор за петмина насилници од денешните протести пред Градското собрание на Белград

30 дена притвор за двајца полициски службеници

Судот го потврди обвинението против наводните убијци на малата Данка