Грчки државјанин удрил во две возила кај Стар Дојран

Од:

Грчки државјанин предизвикал сообраќајна несреќа кај Стар Дојран. Удрил во две возила, едното со кумановски регистарски ознаки, а другото со грчки регистарски таблички. Во несреќата со тешки повреди се здобил возачот кој ја предизвикал несреќата и пренесен е во медицинскиот центар во Гевгелија.

„ На 29.04.2024 во 21.55 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во село Сретеново, општина Стар Дојран, патничко возило „опел“ со грчки национални ознаки, управувано од грчкиот државјанин Р.Н.(70), удрило во паркирано патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки и во патничко возило „опел“ со грчки национални ознаки, управувано од грчкиот државјанин А.Л.(61). Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Н., констатирани во Медицински центар Гевгелија.“

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Колони, гужви и чекање на излезите за Грција и на влез од Србија

Несреќа кај „Белви“: еден повреден пренесен во болница, сообраќајот се пренасочува

(ФОТО) На Ибарска магистрала се преврте приколка која носеше „ферари“ и „мерцедес“

А1он

На возач на автомобил му се слоши, загуби контрола и удри во автобус

А1он

Ангелов: Дејствуваат два „Ер трактори“, пожарот во Дојран до крајот на денот ќе биде под контрола

Горан Наумовски

11-годишно дете во критична состојба по страотна сообраќајка на патот Прилеп-Градско

Катерина Ѓуровски