Порше објави фотографии и први технички детали од новата генерација на моделот 911 Турбо и Турбо С со отворен покрив. Премиерата е закажана за крајот на ноември на Саемот на автомобили во Лос Анџелес.
Основниот дизајн на кабриолетот не отстапува од верзијата со цврст покрив, со тоа што стандардниот покрив е заменет со платнен покрив со лесна конструкција изработена од магнезиум.
Покривот се отвора и затвора за околу 13 секунди, а може да се направи и во движење со брзина до 48 километри на час.
Моторите, исто така, се преземени од моделот 911 Турбо Купе. Основната верзија доаѓа со 3,8 литарски шестцилиндерски турбо агрегат што развива 520 коњски сили, додека моделот 911 Турбо С Кабрио има мотор со 560 коњски сили.
Порше 911 Турбо Кабрио од 0 до 100 километри на час развива за 3,5 секунди, додека Турбо С моделот за 3,2 секунди. Максималната брзина изнесува 319 километри на час..