Бајден на историски најниско ниво со поддршка од 38,7 отсто

Од:

Според резултатите од последното истражување на јавното мислење, актуелниот американски претседател Џозеф Бајден е најмалку популарниот претседател на САД во последните 70 години со рејтинг од 38,7 отсто, дури и под нивото на поддршка што некогаш ја имаа Ричард Никсон и Џими Картер.

Во првиот квартал од 2024 година, Бајден (81) доби поддршка од 38,7 отсто од анкетираните, три отсто помалку од поддршката што ја имаше претседателот Џорџ Буш во истиот период од неговиот мандат.

„Околу шест месеци пред изборите, Бајден е во послаба позиција од кој било претходен претседател“, заклучија анкетарите на Галуп.

Истото истражување покажува дека поранешниот претседател Доналд Трамп, кој се натпреварува со Бајден за втор мандат во Белата куќа, добил поддршка од 46,8 отсто од анкетираните.

Њујоршкиот дневен весник наведува дека и двајцата (непопуларни) претседатели Никсон и Картер имале поголема поддршка од Бајден, со 53,7 отсто, односно 47,7 отсто, додека претседателот Двајт Ајзенхауер имал најголема поддршка во последните 70 години со дури 73,2 отсто.

Резултатите од анкетите на Галуп за јавна поддршка на американските претседатели, кои се спроведуваат од почетокот на мандатот на Ајзенхауер во 1952 година, се силен показател за успех за кандидатите кои сакаат да добијат втор мандат во Белата куќа.

Историски гледано, секој претседател во изминатите седум децении со поддршка над 50 отсто успеа да добие втор мандат, освен Барак Обама кој успеа да победи во 2012 година со 46 отсто поддршка шест месеци пред изборите.

Би можело да ве интересира

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски