(ВИДЕО) Ристовски: Нема промена на Устав под ниту една закана, мора да изградиме моќна македонска армија

Од:

Главните политички заложби на ИНТЕГРА, македонската конзервативна партија, со кои сме додадена вредност во Коалицијата Храбро за Македонија, се однесуваат првенствено на сочувување на македонскиот устав и државотворната позиција на македонскиот народ со комплетниот корпус на македонски национален идентитет во него. Тоа подразбира дека нема промена на уставот под ниту една закана, уцена, притисок од било чија страна, тоа значи дека се додека не го затвориме целокупниот корпус на македонските национални идентитетски прашања, оние црвени линии за кои што македонскиот народ се залага во татковината Македонија нема да се чепне Уставот по ниту една основа, рече Љупчо Ристовски претседател на ИНТЕГРА при денешната посета во Градско.

„Втората работа, мора да ја зацврстиме Македонија како држава на македонскиот народ, како круна на вековната борба на македонскиот народ за своја држава, за своја национална слобода, тоа подразбира ние ќе си ја пишуваме сопствената македонска историја согласно нашиот национален македонски интерес“, рече тој.

Ристовски истакна дека коалицијата Храбро за Македонија ќе ги гарантираме сите видови на слободи на секој поединец, и економски и социјални и политички слободи, ќе воспостави систем на трајна правна сигурност за секоја индивидуа, тоа подразбира дека со сите владини политики, ќе го таргетираме творечкиот потенцијал на секој поединец.

„Нема ниту Брисел, ниту Вашингтон да ни донесат богати и просперитетни семејства, нашиот творечки потенцијал е тој којшто мораме да го покренеме, мора да го таргетираме со сите мерки на владини политики и тој да ја направи преродбата на Македонија. За тоа да го сториме ќе биде потребна сигурна и безбедна Македонија, тоа значи дека ќе мора да изградиме моќна македонска армија и моќен безбедносен систем“, рече Ристовски.

Тој се заложи за помош на сите ранливи категории како што се пензионерите чии примања се пониски од 24.000 денари, како и за сопирање на брзо растечката сиромаштија со мерки и инструменти на политики за нов економски и финансиски циклус. Ристовски потенцираше дека имаат инвестициски проект за 50 илјади микро мали и средни претпријатија кои ќе бидат таргетирани со владини политики. Според него, капиталните инвестиции и субвенциите кои се нецели 700 милиони евра во буџетот на годишно ниво ќе бидат понудени на секој поединец на секое семејство, но паралелно и на државната администрација, за да се поттикне претприемачкиот дух да станат со своите проектни бизниси партнер со владата, односно ако се одлучат да ја напуштат државната администрација и сакаат да влезат во бизнис.

„Оттука ако го земеме агробизнисот како еден од клучните потенцијали на Македонија, се наоѓаме во Градско каде има огромен потенцијал за земјоделство и агробизнис, не смееме да дозволиме ниту една педа земја да остане необработена и да не произведува храна. Оттука ние излегуваме со проект за 24/7 за 365 дена, секој ден во годината ќе има отворен јавен оглас, до 10 хектари во атарите на селата и над 50 хектари со задолжително преработувачки капацитети, висока финализација на храна и пијалоци, секоја педа земја ќе кора да дава храна во Македонија, се што е благослов од Бога, Сонцето, ветерот, воздухот, почвата мора да ги ставиме во функција да бидат национални стратегиски ресурси, од тука секоја педа ќе произведува храна и Македонија повеќе никогаш нема да произведува храна туку ќе стане моќен извозник на храна, и органска храна и се што компаративна предност на македонскиот аграр.

Околу откупните цени на земјоделските производи, исклучиво приватно-јавно партнерство, ќе донесеме приватни инвестициски фондови, приватни агро берзи секторски ако станува збор за тутунот ќе биде приватна тутунска агро берза, ако станува збор за лозарството ќе поттикнуваме мали винарии, мали дестиларии да грозјето отиде во висока финализација да никогаш повеќе не зависат од уцените на откупувачите, значи ќе ја решиме ниската откупна цена на начин што ќе таргетираме отворен пазар по моделот на Адам Смит, таа слободна економија ќе донесе конкуренција и апсолутна квалитетот на македонските производи ќе ја качи цената, на овој начин ќе ги направи нашите фармери и земјоделци богати, рече Ристовски.

Носителот на листата на Коалицијата Храбро за Македонија во ИЕ 3, Иван Николов, доктор по ветеринарна медицина, кој е со домашно и меѓународно искуство во земјоделието и преработката на храна, кажа дека само минатата година во Македонија е увезена храна во вредност од една милијарда долари, а во исто време извозот се намалува.

„Ние сакаме да дадеме силна поддршка на фармерите, да дадеме решение за ниските откупни цени, кои сега се уценителни за фармерите, сакаме да ја поддржиме македонската индустрија која е извозно ориентирана како што е конзервната индустрија, кондиторската индустрија и поготово винската индустрија. Сакаме да им помогнеме на фармерите да ја обноват својата механизација да ја обновата опремата за да можат да бидат пококурентни, рече Николов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ристовски: Нема уставни измени под ниеден услов, треба да се забетонира македонскиот национален интерес

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ристовски: Нудиме модел на власт која ќе има емпатија и разбирање за маките и страдањата на својот народ

Горан Наумовски

Ристовски со порака до двајцата кандидати за претседател: Да не се осмелат да чепкаат во Уставот, во македонскиот јазик и во државотворноста на Македонците

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ристовски: Споменот на Делчев мора да го одржиме жив, немојте да си играте со образот и честа на македонскиот народ, не чепкајте во Уставот

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Ристовски: Капиталните инвестиции од 700 милиони евра стануваат партнер со народот и бизнисите, ќе им служат ним за буст на творечкиот потенцијал

Ристовски: Со економски мерки ќе таргетираме цена на леб 20 денари, на млеко 30 денари и на зејтин 40 денари

А1он