Земјите од Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКС) очекува влошување на ситуацијата со авганистанскиот шверц на наркотици и раст на екстремизмот по повлекување на странските сили од Авганистан во 2014 година, изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на Самитот на организацијата во Сочи.
– За жал постои основа за очекување, интензитетот на авганистанскиот шверц на наркотици и активностите на терористичките групи значително да се зголеми, нагласи рускиот претседател.
Путин предупреди дека уште сега екстремистите прават напори за ширење на својот бизнис во соседните земји, во таа насока и на територијата на земјите членки на ОДКС од Централна Азија.