Враќање на отпишаните

Од:

Тројца советници од независната листа на Димитар Бузлевски „Обнова за Преспа“, се вратија во старото јато. На денешната седница на Советот на општина Ресен, соопштија дека се приклучуваат на советничката група на СДСМ.

Со овој потег, сега опозицијата има шест советници, ВМРО-ДПМНЕ има осум советници и еден советник доѓа од редовите на ДУИ.

Советниците велат дека долги години биле членови на СДСМ, и ова за нив е „враќање на отпишаните“.

За ВМРО-ДПМНЕ пак, ова не е коректно и со ова се изневерени 3.500 ресенчани кои гласале за независната листа на Бузлевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

А1он