Две лица се повредени денеска во Ерусалим во напад за кој израелската полиција соопшти дека е терористички акт, пишува Тајмс оф Израел.
Медицинската служба „Маген Дејвид Адом“ соопшти дека денеска лекувала две лица кои биле удрени од ист автомобил на две различни улици во населбата Ромема во Ерусалим, а двете повредени лица, како што се наведува, се во стабилна состојба.
Израелската полиција соопшти дека инцидентот во Ерусалим е терористички чин и дека двајцата напаѓачи побегнале од местото на настанот пеш откако со возило налетале на две лица, кои биле полесно повредени.