Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот

Од:

– Стравот пред сѐ доаѓа од лошите резултати и немање желба да се фатиме со вистинските проблеми, доаѓа од незнаењето и единствена флоскула е „Европа ќе нѐ храни, НАТО ќе нѐ брани“ без да преземеме било каков чекор за подобар живот на граѓаните, а тука пред сѐ мисам на целосната реформа во здравството, образование, администрацијата, не може некој да оди на работа, а да зема плата, истакна претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски на почетокот на денешната дебата меѓу сите седум претседателски кандидати.

Во врска со проширувањето на актуелните надлежности на претседателот Јакимовски кажа:

– Чудно е претседателот да назначува директор на Агенцијата за разузнавање и началник на Генералштаб, но не и на Гувернер на НБРМ, истакна Јакимовски кој нагласи дека така ќе се постигне поголема независност, а по истиот принцип претседателот би требало да назначува, не да предлага и членови на Судскиот совет и Уставниот суд.

Јакимовски нагласи дека е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот на Република Македонија.

– Силата на претседателот мора да извира од граѓаните, а не од партиско-политички пазарења. Функцијата претседател мора да биде стабилна и да не падне дури и кога паѓаат владите, а не кога ќе падне Владата, да падне и Претседателот, истакна Јакимовски во врска со предлогот за бирање на претседателот на државето во Собранието.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: ЗЕЛС е обичен партиски комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Ѓорѓиевски се надева дека градоначалниците на Струмица и на Карпош ќе се вразумат

Јакимовски најави дека ќе го напушти ЗЕЛС „ако продолжи теророт од власта“

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Струмица најави дека општината го напушта ЗЕЛС

Катерина Ѓуровски

Јакимовски јавно и се извини на министерката за образование Јаневска затоа што вчера ја нарече „северџанка“

Горан Наумовски

Јакимовски ја обвини владата дека со помош на разни финти им обезбедува пари на албанските општини за да финансираат таканаречена „албанска академија на науки“