СДСМ: Завршната сметка за буџетот во 2012 доцни 3 месеци

Од:

СДСМ ја обвини Владата дека завршната сметка за буџетот за 2012. година доцни 3 месеци, а тоа претставува прекршување на законот и побара од пратениците да не ја прифатат завршната сметка за буџетот. Потпретседателот на СДСМ, Ванчо Узунов, истакна дека СДСМ се уште стои на ставот дека е потребно кривично санкционирање на ова дело, за да не се избегнува морална и политичка одговорност во иднина.

– Владата се изјасни дека доцнењето со завршната сметка било заради „техничка причина“. СДСМ смета дека барањето на такво оправдување од страна на Владата претставува многу срамен чин, кој не доликува на една влада. Во однос на ребалансот на буџетот за 2013 година, прво, добро е што Владата ја послуша опозицијата и направи ребаланс.

– Тој е неопходен, како што укажавме уште пред 3 месеци. Но, СДСМ смета дека треба да се направи ребаланс со намалување на непотребните расходи за оваа година, а не со зголемување на дефицитот (долгот) на речиси 4 проценти од БДП, вели Узунов.

Како што вели Узунов, зголемувањето на дефицитот, потврдува дека приходите во буџетот за 2013-та година се нереално испланирани и нема да може да се остварат.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

СДСМ: Не вреди извинувањето на Љутков, Владата намерно ги понижува културните работници

Предраг Петровиќ

СДСМ: Бесмислена и нефункционална е мерката на Владата за објавување на цените

А1он

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат директно одговорните за трагедијата

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

СДСМ: На Велиген власта остави работници од повеќе институции без плата

Катерина Ѓуровски