Русија за американската помош: Ова дополнително ќе ја уништи Украина

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека помошта од САД „дополнително ќе ја уништи“ Украина и ќе резултира со повеќе смртни случаи.

Тој за новинската агенција Тасс изјави дека дел од пакетот, кој ѝ дозволува на американската администрација да ги заплени руските средства и да ги пренесе во Украина за реконструкција, ќе му наштети на угледот на САД. Русија ќе одговори со мерки кои се во нејзин интерес, предупреди Песков.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захаркова оцени дека помошта за Украина, Израел и Тајван „ќе ги продлабочи кризите ширум светот“.

„Воената поддршка на режимот во Киев е директно спонзорство на терористичка активност“, напиша Захарова на Телеграм.

„Што се однесува до Тајван, станува збор за директно мешање во внатрешните работи на Кина. Што се однесува до Израел, тоа е пат кон ескалација и невидено зголемување на тензиите во регионот“, додаде таа.

Би можело да ве интересира

Песков: Администрацијата на Бајден покажува дека ќе направи се за да не заврши оваа војна

А1он

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт