Астероидот NEO 153958 (2002 AM31) со големина на еден градски блок вечерва во 1:30 часот ќе помине покрај Земјата на одалеченост од 5 милиони километри, или 13 пати поголема одалеченост помеѓу нашата планета и Месечината.
Поминувањето на астероидот може да се следи во живо на сајтот SloohSpaceCamera кој преку опсерваторија на Канарските Острови го набљудува небото.
NEO 2002 AM31 е откриен од НАСА во 2002 година и е со пречник од 792 метри, се наоѓа на листата меѓу објектите кои во иднина би можеле да претставуваат опасност за Земјата.