Северна Кореја во изврши тестирање на боева глава со крстосувачка ракета и пробно лансирање на својата нова противвоздушна ракета, објави севернокорејската новинска агенција KCNA.
Во петокот попладне, Северна Кореја изврши тестирање на моќ на супер-голема боева глава дизајнирана за стратегиската крстосувачка ракета „Хвасал-1 Ра-3“ и тестираше противвоздушна ракета „Пјољџи-1-2“ од нов тип објави КЦНА, повикувајќи се на Администрацијата за ракети на Северна Кореја, пренесува Ројтерс.
Се верува дека стратешката крстосувачка ракета на Северна Кореја е дизајнирана да носи нуклеарна боева глава.
„И двата теста беа дел од редовните активности на администрацијата и поврзаните одбранбени научни институти за брз развој на технологии во различни аспекти, како што се тактичко-техничко изведба и операција на системи за оружје од нов тип“, објави KCNA, додавајќи дека тестирањето не е поврзано со регионална ситуација.
Јужна Кореја, Јапонија и САД, земји кои често известуваат за тестирање на големи ракети што ги детектираат од Северна Кореја, не го спомнаа овој тест.