Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено заради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

Од:

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на Ресен каде што оствари работни средби со овоштарите од овој регион.

Овоштарите од Ресен претрпуваат големи губитоци заради погрешните политики на СДС и големиот увоз на странско јаболко во Република Македонија. Согласно податоците, додека ресенското јаболко стои неоткупено, од 1 септември 2023 година до сега во Македонија се влезени околу 4 милиони килограми јаболко што е главна причина што ресенчани ги преживуваат најцрните денови во историјата на овоштарството во Македонија. – изјави Трипуновски.

Како поголеми проблеми на земјоделците од Ресенскиот регион Трипуновски ги посочи неисплатените субвенции како и неисплатените штети од природните непогоди од пред некоја година, откупно-дистрибутивниот центар којшто требаше да биде завршен во 2023 година сѐ уште не е ни започнат со градба.

Цврсто им ветив дека идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има сериозен план и конкретни мерки со кои ќе се стави крај на маките на ресенчани! – заврши Трипуновски.

Би можело да ве интересира

Извозот намален за 5,7 отсто, трговскиот дефицит 2 151,2 милиони евра

ДЗС: Опадна извозот, се зголеми увозот, трговскиот дефицит до јули е 1,92 милијарди евра

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

A1on

Трипуновски: Наш приоритет ќе биде обезбедувањето доволни количини вода за наводнување на земјоделските површини

МЗШВ: Трипуновски денес го демантираше Цветан од вчера

Граѓаните не можат да си дозволат нов автомобил: Лани продадени трипати повеќе половни отколку нови

A1on