(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Од:

Триесет лица се повредени денеска во несреќа на траект што пловел кон италијанското копно од островот Капри во Средоземното Море, соопштија спасувачите. Се уште нема официјално објаснување за настанот, но според првите информации брзиот брод Isola di Procida по пристигнувањето во градот Неапол удрил во пристаништето.

Иако има голем број повредени, никој нема посериозни повреди, соопшти спасувачката служба. На островот Капри во Неаполскиот залив од среда се одржува состанок на министрите за надворешни работи на Г7.

Капри е една од најпопуларните туристички дестинации во Италија. Овој остров, кој има помалку од 15.000 постојани жители, привлекува десетици илјади посетители секој ден во текот на сезоната.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

Автомобил излетал од тркачка патека и влетал во публика: Има мртви, меѓу нив и дете