Заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент Ведант Пател потврди дека Вашингтон ќе стави вето на вечерашното гласање во Советот за безбедност на Обединетите нации за барањето на Палестина за полноправно членство во Светската организација.
Пател за време на брифингот со новинарите рече дека нема консензус меѓу членовите на комитетот за тоа дали Палестинците ги исполниле критериумите неопходни за да се дефинираат како држава и нагласи дека палестинската управа „треба да помине низ значајни реформи за да може да ги преземе државните одговорности”.
Администрацијата на претседателот Џозеф Бајден долго време се спротивставува на палестинските напори за еднострано обезбедување државност во ОН, тврдејќи дека целта треба да се постигне преку директни преговори со Израел.