Австриското Министерство за правда одобри екстрадиција на Сеад З.А.(27) од Сјеница во Србија.
Сеад беше уапсен во таа земја на 21 февруари по меѓународна потерница под сомнение дека го убил Нусрет Дестановиќ (28) од Тутин, кој бил во врска со поранешната сопруга Е.Х. (40).
Тој е обвинет дека на 8 февруари со остар предмет, најверојатно нож, му нанел смртоносни повреди на Дестановиќ, а потоа неговото тело го фрлил во напуштен бунар во селото Меѓугор, кај Тутин, каде што било пронајдено два дена подоцна.
Вишото обвинителство во Нови Пазар го товари за тешко убиство, а тамошниот суд му одреди мерка притвор во отсуство.
Неколку дена по пронаоѓањето на телото на Дестановиќ, Вишиот суд во Нови Пазар се согласи да распише меѓународна потерница по Сеaд, бидејќи по стореното кривично дело побегнало кај своите роднини во Австрија.
Покрај Сеад, истрага се води и против неговата поранешна сопруга Е.Х. од Нови Пазар и неговиот братучед Е.Џ. (19) од Сјеница за непријавување подготовка на кривично дело, односно помагање на сторителот по извршувањето на кривичното дело. И двајцата се во притвор.