Домашните месни капацитети ги задоволуваат потребите за свежо месо

Од:

Месните капацитети во државата ги задоволуваат потребите на домашниот пазар за свежо месо, а недостиг има за преработките што се надополнува со увоз од околу 90 проценти говедско и 50 проценти свинско месо.

Од Стопанската комора на Македонија денеска на прес-конференција посочија дека зголемување на увозот има кај свинското и живиното месо, а благо намалување кај говедското месо.

– Сточарското производство, кое е базата на месната индустрија, за жал, не бележи позитивни резултати во изминатата деценија. Според статистичките податоци, бројот на говедата е на исто ниво, односно околу 250 илјади во изминатите 10-тина години со благи отстапувања, а има драстично намалување во овчарството каде во 2000 година имаше еден милион и триста, а сега едвај 600 илјади овци. Намалување има и кај свињарството од 250 милијади во 2000 година, до 176 илјади свињи сега. Намалување има и кај живинарството, истакна Васко Ристовски на денешната прес-конференција.

Во делот на производството на месо, во 2012 година се произведени 23.124 тони месо што е намалување во споредба со 2009 година.

– Според нашите анализи, целосно е задоволена понудата на свежо месо за потрошувачката на населението, меѓутоа за потребите на месната индустрија имаме недостиг. Тој недостиг се увезува согласно дадените дозволи од Агенцијата за ветеринарство, рече Стојмирка Тасева.

Од Стопанската комора на Македонија сметаат дека новиот правилник за квалитетот на меленото месо, подготовките од месо и производи од месо нема да претставува финансиско оптоварување ниту за компаниите, ниту за крајните потрошувачи.

Во Македонија работат над 30 капацитети за преработка кои ги исполнуваат високи стандарди.

Би можело да ве интересира

АХВ донесе забрана за увоз и употреба на желудник од живина во производството на подготовки од месо

Горан Наумовски

Царинска управа: Спречен шверц на два тона месо штетно за здравјето на граѓаните

Спречен шверц на месо опасно за здравјето – Камион на грчка фирма носел четири тони месо од дивеч во Македонија

Затворски казни за обвинетите од предметот со коњско месо во Франција

Бараат увоз на смрзнато свинско месо без царина за да се намали цената на домашните месни производи за 10 – 15 %

Маја Илиевска-Пачемска

Јагнешкото ретко и скапо пред Велигден, традиционално поскапеа и пазарите

Жарко Настоски