СДСМ: Уште еднаш се потврди дека Мицкоски едно зборува дома друго зборува надвор

Од:

Уште еднаш се потврди дека Христијан Мицкоски едно зборува дома пред граѓаните, друго зборува надвор. Пратеникот во германскиот Бундестаг, Питер Бајер, вчера изјави дека ДПМНЕ е за промена на Уставот и дека знае со сигурност дека ДПМНЕ сака измени на Уставот, се вели во соопштението од СДСМ.

„Мицкоски пак зборува сосема спротивно од ова пред македонските граѓани, заедно со Николовски јавно велат дека се против уставните измени. Особено што ДПМНЕ е единствена партија која ги блокира уставните измени и членството во ЕУ. На Мицкоски воопшто не може да му се верува. Едно кажува Мицкоски пред македонските граѓаните, друго кажува надвор во Европа и нема став за клучните прашања“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: И Мицкоски како СДСМ инсистира да се објави извешатајот за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски на увид во Идризово – стручњак на вистинското место за вистинската тема

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение