Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

Од:

За австралиската полиција вчерашниот напад со нож врз епископ во црква во Сиднеј се смета за верски мотивиран терористички чин, пренесува Би-би-си.

Според полицијата, терористичките акти се дефинирани како идеолошки мотивирани. Истрагата се уште е во тек, но полицијата, како што пренесува Би-би-си, е убедена се дека се работи за верски екстремизам.

Шеснаесетгодишно момче е уапсено откако епископот, свештеникот и верниците биле нападнати за време на мисата во асирската црква „Христос Добриот Пастир“.

Според полицијата, најмалку четири лица се здобиле со повреди. И напаѓачот бил повреден, а инцидентот бил снимен на директен црковен пренос и брзо предизвикал вознемиреност кај жителите во предградието Вејкли.

Свештеникот во локалната заедница е познат како како отец Исак Ројел, а епископот како Мари Емануел, кој важи за популарна личност, а неговите проповеди имаат и по милиони прегледи на социјалните мрежи.

Инаку, во Вејкли живее мала христијанска асирска заедница во Сиднеј, од кои многумина се бегалци поради војната во Ирак и Сирија.

На социјалните мрежи се проширија експлицитни видеа од нападот, а стотици луѓе набрзо се собраа во Асирската православна црква, која се наоѓа на околу 35 километри југозападно од центарот на Сиднеј.

Таму толпата жестоко се судрила со полицијата која ја обезбедувала црквата, каде на напаѓачот и повредените им била укажана итна помош.

Премиерот Ентони Албанес свика итен состанок за национална безбедност, нарекувајќи го нападот „вознемирувачки“.

„Ние сме нација што го сака мирот. Нема место за насилен екстремизам. Со цел да се спречи понатамошно насилство, тој ги повика луѓето да не го земаат законот во свои раце“,

вели Албанес.
Во изјава за медиумите утрово, началникот на полицијата на Нов Јужен Велс, Карен Веб рекол дека епископот и свештеникот биле оперирани и дека имале среќа што се живи. Двајца полицајци се повредени, еден со скршена вилица откако бил погоден со цигла, а уништени се 10 полициски автомобили.

Четворица ранети во напад со нож во црква близу Сиднеј, меѓу повредените и бискуп

Началникот Веб рекол и дека тинејџерот, наводно, му давал религиозно мотивирани коментари на бискупот додека се приближувал. Полицијата смета дека целта на нападот била да се заплашат верниците во црквата и оние кои го следеле преносот на мисата. Напаѓачот дејствувал сам и иако и бил познат на полицијата, не бил на листата за следење тероризам. И тој бил опериран поради повреди на рацете, но се уште не е јасно кога се повредил и дали бил во конфликт со верниците.

Инцидентот се случи само неколку дена откако се случи инцидент си напад со нож во популарен трговски центар во Сиднеј, во кој беа убиени седум лица.

„Во моментот има разбирлива нервоза и вознемиреност во локалната заедница“,

рече премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс.
Тој повика на смиреност, повторувајќи ги повиците на верските водачи и водачите на заедницата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа