Судскиот процес против Јулија Тимошенко одложен по 25-ти пат

Од:

Судот во Украина денеска повторно го одложи процесот против поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, откако таа не се појави на рочиштето.

Тимошенко го бојкотира судскиот процес од самиот почеток, а ова беше 25-то одложување. Следното рочиште е закажано за 25. октомври.

Тимошенко е обвинета за затајување на данок и за незаконско присвојување.

Таа веќе издржува 7-годишна затворска казна под обвинениа за злоупотреба на службената положба. Доколку биде прогласена за виновна и во второто судење, поранешната премиерка може да добие и до 12 години затвор.

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски