ВИДЕО: Хезболах и Хутите се приклучија на иранскиот напад над Израел

Од:

Иранската државна телевизија доцна синоќа објави дека Револуционерната гарда, идеолошката армија на Исламската Република Иран, извршила „голем“ напад со „дронови и проектили“ против Израел. Се вели дека тоа е „одговор на бројните злосторства извршени од ционистичкиот режим, вклучувајќи го и нападот врз конзуларниот оддел на иранската амбасада во Дамаск“.

Иранскиот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, на социјалната мрежа Х објави дека „Израел ќе биде казнет“. На нападот се приклучија Хезболах и Хутите, кои исто така лансираа неколку беспилотни летала кон Израел.

Би можело да ве интересира

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите