Хрватска во обложувалниците котира доста високо за победа за Евровизија, а во даден момент претставникот Бејби Лазања беше и на првото место меѓу фаворитите. Иако во моментов на прво место е швајцарскиот претставник Немо, сепак еуфоријата и довербата во Бејби Лазања не престанува – и во Хрватска и низ поранешните југословенски републики, без разлика дали учествуваат или не.
Пет хрватски градови се приклучија на иницијативата за поддршка со танц, притоа повторувајќи ги препознатливите движења од песната „Rim Tim Tagi Dim“.
This will NEVER happen in Croatia again regarding Eurovision.
I don’t wanna imagine what could happen if Baby Lasagna wins Eurovision. 🔥🎇
I literally have tears in my eyes watching this 🥹❤️
🇭🇷🇭🇷🇭🇷🇭🇷🇭🇷🇭🇷🇭🇷🇭🇷🇭🇷🇭🇷🇭🇷🇭🇷🇭🇷 pic.twitter.com/1QTO4nYV3R— Ocean 🌊 | 🇮🇹🇭🇷🇫🇷🇺🇦🇱🇹 (@oceaniitobackup) April 13, 2024
Се танцуваше во Сплит, Задар, Умаг, Загреб и Осијек.
Хрватска во минатото имаше неколку успешни евровизиски хитови меѓу кои и Данијела со „Neka mi ne svane“, Горан Каран со „Ostani“ и Дорис Драговиќ со „Marija Magdalena“.
Сепак, во последната деценија како да ги следи „баксуз“ кој минатата година го прекинаа членовите на бендот Лет 3 и по долго време ѝ донесоа на Хрватска пласман во финале.