Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

Од:

На 12.04.2024 од страна на полициски службеници од СВР Битола лишени се од слобода О.П. и О.Н.(38), двајцата од Битола. Имено, со наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во домот и помошните простории кои ги користи лицето О.П. од Битола, при што се пронајдени и одземени марихуана, метална дробилка и пет опаковки со прашкаста материја. Лицето е лишено од слобода при што ќе следува соодветна пријава за сторено кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик, известува МВР.

Истиот ден, при извршен претрес во дом и помошни простории кои ги користи О.Н. од Битола биле пронајдени дигитални ваги, грутчеста материја, кутивчиња со таблетки, опаковка со кафеава прашкаста материја, предмети со остатоци од кафеава материја, бела прашкаста материја, опаковки со бела грутчеста материја, растителна материја и останати предмети со остатоци од прашкаста и растителна материја, како и поголем износ на пари во различни апоени. Лицето е лишено од слобода при што ќе следува соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсени се Блажо Шарановиќ и Весна Братиќ

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра