Поранешниот бразилски фудбалер Дани Алвеш ќе остане на слобода по новото рочиште на судењето во Барселона.
Во средата беше објавено дека жалбата против неговото привремено ослободување од затвор, со кауција платена од eден милион долари, е одбиена.
Да потсетиме, Судот во Барселона го осуди славниот фудбалер на четири и пол години затвор за силување во ноќен клуб.
Тој „одлежа“ 14 месеци, по што беше пуштен да излезе со кауција.
Обвинителството и адвокатскиот тим на жртвата Естер Гарсија поднесоа жалба на ваквата одлука, но истата беше одбиена.
Бразилецот ќе остане слободен, но сепак без двата пасоши, бразилски и шпански.
Тој мора да се јавува во Судот секој петок и не смее да ја напушти Шпанија додека не заврши процесот.