Нерешениот резултат во 1. коло од Лигата на шампионите на Вардар против Барселона и добрата игра не останаа незабележани од рекометна Европа.
Средниот бек на Вардар, Игор Карачиќ е избран на позицијата среден бек во тимот на колото според „ЕХВ ТВ“, а покрај него најдобрата седморка ја сочинуваат:
лево крило – Мануел Штрлек (Киелце);
лев бек – Клементе Цехте (Горење),
десен бек – Холгер Гландорф (Флензбург);
десно крило – Лук Абало (ПСЖ);
пивот – Бјарте Мирхол (Рајн Некар Ловен) и
голман – Димитрије Пејановиќ (Динамо Минск).
Најдобрата одбрана на колото е на новиот голман на Вардар, Инаку Малумбрес.